Ќе се снима филм за животот на легендарниот Дражен Петровиќ, а Бруклин нетс ќе одиграат НБА-меч во Загреб

Во чест на легендарниот Дражен Петровиќ, ќе се снима филм за неговата кариера и животот.

Режисер на филмот, со име „Висока сила – Приказна за Дражен Петровиќ“, ќе биде Данило Шербеџија, син на Раде Шербеџија.

Филмот ќе се снима на локации во Хрватска, Словенија и САД, а ќе бидат прикажани најважните детали од животот на кошаркарскиот Моцарт.

Покрај оваа вест, неговата мајка Бисерка по повод 30-годишнината од смртта на својот син изјави дека се преговара со НБА за екипата на Бруклин нетс да одигра еден натпревар од најсилната лига во Загреб.

„Треба да одам во Њујорк за да ги завршиме сите преговори, а ако дојде до финализација на договорот, тогаш најверојатно таа средба би се одиграла во Загреб. Но, ќе кажеме доколку евентуално има договор“, изјави Бисерка.

Прогласен за најдобар европски кошаркар во историјата, Дражен играше одлично за Њу Џерси нетс постигнувајќи во просек 20,6 поени во 36,9 минути на теренот на меч.

 

- Оглас -

Најнови вести