20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Ќе се спаси ли Мурињо од дежа ви?

Тотенхем ќе има тешка задача во реваншот против Лајпциг во осминафиналето од ЛШ бијдеќи актуелниот европски вицепрвак го загуби првиот дуел со минимални 0-1, и тоа на домашен терен. Во ваква ситуација, многу работа го чека и Жозе Мурињо.

Ова е четврти пораз за Мурињо во меч од нокаут-фазата во кој негов тим прв ја имал улогата на домаќин. Во претходните три наврати, Мурињо само еднаш успеал да анулира дефицит од првата средба и да обезбеди пласман понатаму, тоа го стори со Порто против Панатинаикос.

Пораз на домашен терен во првиот меч и елиминација Мурињо претрпе како предводник на Челзи во сезоната 2005/06 од Барселона, додека тоа му се случи и како тренер на Реал Мадрид во полуфиналето од сезоната 2010/11, исто така против Барселона.

Дали ќе се спаси од дежа ви или пак ќе заврши авантурата за неговиот Тотенхем уште во првата нокаут-рунда, ќе се знае по реваншот кој е закажан за 10 март.

- Оглас -

Најнови вести