Ќе се стави вето на предлогот да нема првак и испаѓање во Серија А

Сезоната во Серија А цели три месеци е во прекин поради пандемијата од Коронавирусот. По последните договори, италијанското првенство треба да продолжи на 20 јуни. Сепак, постои опција шампионатот повторно да биде прекинат, доколку се појават нови случаи за заразени од опасниот вирус.

Клубовите од Серија А имаа состанок на кој мнозинството одлучи дека ако повторно се прекине првенството, да нема испаѓање, но и прогласување на првак, доколку некој клуб и теоретски не го обезбеди трофејот. Дури 16 екипи беа за ваква евентуална опција, а четири биле воздржани.

Овие договори меѓу прволигашите најмногу ги критикуваа челниците на Беневенто. Тоа е тимот кој е лидер во Серија Б и сигурно ќе си обезбеди место во елитата за следната сезона. Сепак, ако се случи да има нов прекин и да нема испаѓање од Серија А, тоа ќе значи дека нема да има ни промоција на клубовите од Серија Б.

Затоа се очекува во целата ситуација да се вклучи и Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) од која се очекува да има вето на предлогот да се замрзнат позициите на сите екипи во Серија А во случај на нов прекин.

 

 

- Оглас -

Најнови вести