Ќе се воведе ли трофеј „Синиша Михајловиќ“?

Фудбалскиот свет вчера и денеска тагува за прераната смрт на Синиша Михајловиќ. Играчот кој имаше „магичен“ шут од слободен удар и сигурно еден од најдобрите изведувачи по прекините во фудбалот.

Преку 60 голови директно од слободен удар има постигнато Михајловиќ, а на еден меч во дресот на Лацио успеа да даде три погодоци од прекин, што е вистинска реткост. Михајловиќ и неговите мајстории ќе се памтат уште долго време, а за да не се заборави „магијата“ која ја покажуваше на теренот, дојде идеја да се воведе трофеј „Синиша Михајловиќ“.

Овој трофеј би се доделувал на најдобриот гол постигнат од слободен удар во годината. Идејата за ваков трофеј е на израелскиот новинар Михаел Јохин, па сега останува на УЕФА и ФИФА да одлучат дали да се согласат за воведување на една ваква награда која би го носела името на легендарниот српски фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести