Макс Верстапен уште еднаш покажа зошто е лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, откако вчера имаше најбрзо возење на патеката за Големата награда на Австрија и попладнево ќе стартува од пол позицијата. Верстапен имаше речиси перфектно возење и тоа беше доволно да е на најдобрата позиција, a изненадувачки, веднаш до него ќе биде Ландо Норис од Мекларен Рејсинг.
Верстапен е прв фаворит за победа на трката со коефициент 1.45, а интересно е дека втор фаворит е актуелниот светски првак, Луис Хамилтон кој денеска ќе стартува од четвртата позиција (5 квота). Клупскиот колега на Верстапен, Серхио Перес ќе стартува од треата позиција и е трет фаворит за победа со коефициент шест.
Интересно е дека Норис, кој возеше фантастично и сега ќе тргне од првиот ред заедно со Верстапен, има коефициент од дури 20 за да биде на победничкиот пиедестал на крајот од трката во Австрија.