Ќе стигне ли Ферстапен повторно до врвот на колоната на „Спа“?

Светскиот шампион Макс Ферстапен ќе стартува од 11-тата позиција на Гранпри трката во Белгија, на една од неговите омилени патеки „Спа” и фановите повторно очекуваат напредок кој ќе го врати на врвот од колоната за да се бори за победата.

Токму тоа се случи во последните две години. Во 2022 година, Макс стартуваше како 14-ти и победи, а во 2023 тргна од шестото место и повторно победи.

Сега, сепак, распоредот на силите во Формула 1 е поразличен, иако не е целосно во корист на противниците на Макс Ферстапен.

Шарл Леклер ќе стартува од пол – позиција и е свесен дека на сува патека нема натпреварувачко темпо како пилотите на Мекларен, кои тргнуваат од вториот и од третиот ред и се смета дека ќе бидат најбрзи со потврди модели на гуми.

Односите меѓу пилотите во Мекларен се расчистени од Зак Браун и се очекува од Ландо Норис и Оскар Пиастри тимска работа – прво да се справат со противниците, а потоа ќе се одлучува дали тие ќе се борат меѓусебе или ќе има наредби од боксот.

„Спа” ќе биде следниот многу важен тест за можностите на „MCL38“ – можеби уште денес ќе дознаеме дали Мекларен навистина има болид што може да биде брз на секој тип на патека.

Ферстапен ги освои квалификацијата на „Спа“, но Леклер ќе стартува прв. Исто така, од првиот ред ќе стартува Серхио Перез со вториот болид на Ред Бул, а враќањето на Мексиканецот при врвот внесува уште повеќе неизвесност во битката за првите позиции. Можеби Чеко ќе има темпо за да биде претендент за победата, но дали ќе успее да го реализира поради притисокот со кој треба да се справи во тимот.

И, да не заборавиме на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, и на Џорџ Расел, кои декларираа амбиции да се борат за подиумот, но ќе ја искористат секоја можност за нешто повеќе, особено по враќањето на тимот кон претходната и проверена конфигурација на „W15“ уште пред квалификациите вчера.

Постојат предуслови за епска битка за победата на „Спа“ со многу претенденти за место на врвот и еден непредвидлив фактор – времето. Во петокот пилотите возеа на сува патека, вчера – цел ден на влажна патека, да видиме какви ќе бидат атмосферските услови во текот на денешниот ден, за време на трката.

Секако, во Sport Life имате огромен број игри за да се обложите кој ќе биде најбрз во Белгија, кој ќе го има најбрзиот круг, кој ќе победи во битката на конструкторите…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести