По завршување на паузата заради квалификациите за ЕП, викендов се враќа фудбалот во Европа, а еден од најинтересните мечеви ќе биде тој од Премиер лигата меѓу Арсенал и Челзи.
Овој дуел ќе претставува директна пресметка меѓу двајца колеги од украинската репрезентација, Олсександр Зинченко и Михаило Мудрик.
Поискусниот Зинченко одлучил да се пошегува со својот помлад колега и му порача да не помислува да даде гол.
„Му реков на Мудрик дека ќе му ги откинам ја**ата ако постигне гол во сабота“, им рече Зинченко во шега на англиските новинари.