19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ќе успее ли Меси да ги стигне Роналдо, Клосе и Милер?

Лионел Меси како вистински капитен ја предводик Аргентина на Светското првенство во Катар и остануваат само уште два чекори за да стигнат до остварување на сонот, титула на планетарен собир. За Меси ова е последно светско првенство и последна можност да донесе радост на својата нација како што тоа го направија Марио Кемпес во 1978 година и Диего Армандо Марадона во 1986 година.

На Мундијалот во Катар, Меси досега постигна четири гола, а има и три асистенции, па на своето конто на Мундијалските мечеви сега има вкупно 10 погодоци и седум асистенции, што значи дека директно учествувал во дури 17 гола за Аргентина. Со овој биланс, Меси се најде веднаш зад најдобрите тројца во историјата на Светските првенства, кога ќе се соберат головите и асистенциите.

Некогашниот германски репрезентативец Мирослав Клосе кој е рекордер со 16 погодоци, има и три асистенции, па неговата вкупна бројка на голови во кои директно учествувал е 19. На 19 е застанат и легендарниот Бразилец Роналдо кој има 15 голови и четири асистенции, додека германската фубалска икона Герд Милер има 14 голови и пет асистенции.

Полјакот Гжегож Лато е на исто ниво со Меси. Двајцата имаат по 10 голови и седум асистенции, што значи дека директно учествувале во 17 погодоци на Мундијалите. Меси утре ќе игра против Хрватска во полуфиналето на СП и ќе има можност со два гола или асистенции да застане рамо до рамо со Клосе, Роналдо и Милер.

 

- Оглас -

Најнови вести