Ќе ве боли глава од цифрите – Атлетико одби ѓаволска понуда за Феликс од 130 милиони евра, потсетија на клаузулата од 350 милиони евра

Атлетико Мадрид одбил астрономска сума од 130 милиони евра од Манчестер јунајтед за Жоао Феликс и потсетија на отштетната клаузула, која е со неверојатна сума.

Од таборот на Јорганџиите одговорија на ѓаволската понуда на Манчестер дека за Португалецот имаат клаузула во случај да си замине од Атлетико со баснословна сума од 350 милиони евра.

Информацијата ја објави шпанскиот „Ас“ и изгледа неверојатно кога се однесува за сумите што се споменати.

Феликс пред три години дојде во Атлетико од Бенфика за рекорден трансфер од 126 милиони евра и потпиша 7-годишен договор.

Има 22 години и на 83 меча досега за Атлетико постигна 21 гол, а многумина сметаат дека се уште ни оддалеку не ги оправдла парите што Јорганџиите ги дадоа за негов трансфер од Бенфика во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести