Тинејџерот Еугенио Пицуто доживеа хорор повреда на мечот од мексиканското првенство меѓу Леон и Пачука и во обид да стаса една топка, лошо згазна и си го скрши скочниот зглоб на десната нога.
Играчите од двете екипи веднаш дотрчаа да му помогнат на 17-годишното момче, а сцените се вознемирувачки. Брзо пристигна и медицинската екипа, а повредата е тешка и ќе го одвои Пицуто подолг период надвор од фудбалските терени.
Еугенио е еден од најталентираните млади играчи во Мексико и играше за репрезентацијата до 17 години на Мундијалот во Бразил, минатата есен.
Мексико го освои второто место, откако во финалето загуби од домаќинот Бразил со 1:2, а Пицуто беше стандарден член на првата постава на вицешампионот.