Бо е многу популарен и веројатно е и најсимпатичниот собирач на топки во европскиот фудбал, а станува збор за куче на ирскиот клуб Нокбреда.
Убавецот, како што го нарекуваат, вредно ги собира топките на секој домашен натпревар на клубот од Белфаст во лигите на Северна Ирска.
Бо веќе има искуство и рутина и трета година по ред е вистинска атракција на натпреварите на Нокбреда.