Ќе зажали ли Данска затоа што калкулираше на дуелот против Франција?

Европското првенство во ракомет за мажи ја доживува својата кулминација. Денеска се играат двата полуфинални дуели, по што ќе бидат познати двете селекции кои в недела ќе се борат за континенталниот трон.

Првото полуфинале од 18 часот е меѓу Шпанија и Данска, а од 20:30 часот ќе се сретнат Франција и Шведска.

Данците се селекцијата која ги загуби симпатиите кај неутралните фанови откако во последното коло во групната фаза дозволи да загуби од Франција, иако на 13 минути пред крајот водеше со пет разлика. Данците едноставно калкулираа за да играат со Шпанија во полуфиналето, што беше „подарок“ за Франција да се пласира во полуфинале, а да извиси Исланд.

Данска има четири победи во низа против Црвената фурија, а последен пат од овој ривал загубиле пред седум години. И според коефициентите во Sport Life, Данска е голем фаворит за влез во финалето.

Во второто полуфинале, Франција има поголеми шанси за победа над Шведска, но не треба да се заборави дека Швеѓаните лани во полуфиналето на Светското првенство ги елиминираа Галските петли со 32:26.

 

- Оглас -

Најнови вести