Ќе заживее и Формула 1

Италијанското Гран при на патеката „Монца“ ќе се одржи според планот, потврдија од таборот на Формула 1. Трката за Големата награда на Италија ќе се одвива според календарот на 6 септември, а планирано е да се одржат две трки на популарната патека.

Сезоната се очекува да почне на 5 јуни во Австрија, на „Ред бул ринг“, којашто може да биде домаќин на уште една трка една недела подоцна. Двоен тркачки распоред може да се очекува и во Велика Британија на „Силверстоун“ и во Унгарија на „Хунгароринг“. Доколку се одржат по две трки на споменатите патеки, ќе се исполнат минималните обврски за да се прогласи шампион.

https://twitter.com/Autodromo_Monza/status/1258431445347061764

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести