Кејлор Навас се заканил дека намерно ќе прима голови и ќе губи мечеви

Репрезентацијата на Костарика воодушеви со настапите на Мундијалот во 2014 година, кога стигнаа до четвртфиналето на светскиот собир. Тогаш беа елиминирани од Холандија и тоа на пенали. Тоа е и најголемиот успех на оваа селекција од Средна и Северна Америка.

По завршување на СП 2014 година, челниците на фудбалската федерација решија да не му го продолжат договорот на селекторот Жорге Луис Пинто, што беше изненадување за сите, ако се знае каков успех направија во Бразил. Тогаш Пинто изјави дека фудбалерите биле тие кои му „забиле нож во грб“, а потоа почна ситуацијата да станува појасна.

Голманот Кејлор Навас заедно со соиграчите Брајан Руиз и Селсо Боргес го предводеле бунтот против селекторот Пинто. Тие се заканиле дека нема повеќе да играат за Костарика, ако му бил понуден нов договор на стратегот. на состанокот со челниците на Федерацијата, Навас дури се заканил дека ако Пинто остане селектор, голманот намерно ќе прима голови и ќе губи мечеви во репрезентативниот дрес.

Поради целиот овој случај бил подигнат и судски спор, a тогашниот претседател на фудбалската федерација Едуардо Ли пред неколку дена сведочеше и во својот исказ откри дека Навас се заканил со намерно губење на мечеви ако остане Пинто селектор.

 

- Оглас -

Најнови вести