Хари Кејн од Тотенхем е на пат да стане најдобар стрелец, или еден од најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Кејн има 13 гола на 14 меча во ЛШ, и тоа е подвиг каков што нема направено ниту еден друг фудбалер во постоењето на ова натпреварување.
До својот 13-ти гол во ЛШ, сите други чекале да одиграат 18 или повеќе меча, а Кејн успеа само по 14 натпревари и ако продолжи во ваков стил, може да собори рекорди.
Со својот прв гол синоќа против ПСВ Ајндховен, Кејн имаше 12 гола на 14 меча и само легендарниот голгетер Филипо Инѕаги има подобар скор од него (12 гола на 13 меча). Но, кога Кејн уште еднаш ја затресе мрежата на холандскиот тим, додуша со помош на противнички играчи (иако беше автогол, во УЕФА погодокот му е запишан на Кејн), го надмина Инѕаги, а ги надмина и Роналдо, Меси, Раул, Ван Нистелрој и останатите најдобри стрелци.