Кејн: Белег на добар тим е да успее да постигне резултати и кога не игра најдобро

Голгетерот на Англија, Хари Кејн, не гледа проблем во тоа што „трите лава“ сè уште играат под нивото кое се очекуваше од тимот за време на ЕВРО 2024.

Според него, чекор по чекор, селекцијата на Герет Саутгејт ќе ја пронајде својата форма за да ја стигне до целта која е пред нив.

„Мислам дека уште пред турнирот кажавме дека нема да има лесни натпревари. Тоа се гледа и сега. Можеме да бидеме подобри, тоа е факт, кога ја имаме топката, но и без неа. Не сме го достигнале нивото на кое можеме да играме. Мислам дека белег на добар тим е да успее да постигне резултати дури и кога не игра на своето најдобро ниво. Токму тоа го направивме на првите два натпревари. На врвот сме од групата и има многу работи што можеме да ги подобриме. Знам дека веројатно ќе има многу реакции и разочарување, но го доживеавме истото и на претходното Европско првенство, кога одигравме нерешено со Шкотска. Чекор по чекор, ќе стигнеме таму каде што сакаме“, изјави Хари Кејн по ремито со Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести