Кејн би можел да игра во финалето на Лигата на шампионите

Тренерот на Тотенхем, аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино, смета дека доколку неговиот тим го елиминира Ајакс и се најде во финалето на Лигата на шампионите, за финалето на 1 јуни во Мадрид би можел да го има на располагање и првиот стрелец Хари Кејн, кој сега е повреден и се рехабилитира.

Кејн се повреди на 9 април, на мечот со Манчестер сити, и беше објавено дека за него сезоната е завршена, но закрепнувањето оди добро, и можеби Кејн ќе може да игра во евентуалното финале.

Ако Кејн биде подготвен за настап на 1 јуни, тоа значи дека и англиската репрезентација ќе може да смета на него на 6 јуни во полуфиналето од Лигата на нации против Холандија.

- Оглас -

Најнови вести