Кејн би можело да остане во Тотенхем

Хари Кејн би можело да остане во Тотенхем и во следната сезона, која му е последна од договорот со лондонските Петли.

Откако Тотенхем не обезбеди излез на европска сцена, се појавија информации дека Кејн сака да си оди, интерес за него има од Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен, но никој од овие клубови не сака да ја плати огромната сума пари која ја бара претседателот на Тотенхем.

Прво се зборуваше дека Кејн сака да се пресели на „Олд Трафорд“ и во дресот на Јунајтед да го урне рекордот на Премиер лигата по вкупен број голови за еден играч, но Тотенхем одбива да го продаде Кејн во друг англиски клуб.

Потоа во игра влезе Реал Мадрид, кој остана без Карим Бензема и тренерот Карло Анчелоти го избра Кејн како негов наследник, но клубот не се согласи со Италијанецот поради високата сума и чувањето место за Мбапе или Халанд, кои ги посакуваат во летото 2024 година.

Баерн беше најконкретен, испрати и две понуди, но тие беа одбиени бидејќи беа помали од цената која ја одреди Тотенхем.

Сега се зборува дека Кејн наводно до денеска нема јавно изразено желба да си оди од Тотенхем, тренерот смета на него и Кејн лесно може да се случи да остане уште една сезона во клубот чиј капитен е тој.

- Оглас -

Најнови вести