Тотенхем го победи Шахтар Доњецк со 5-1, во пријателски меч во Лондон на кој блесна Хари Кејн со четири погодоци.
Овој дуел со голем интерес се следеше и во Германија, затоа што чекаа некаков „знак“ дека ова може да биде последен меч на Кејн во дресот на Тотенхем. Баерн Минхен понуди 100 милиони евра за Кејн, но за Тотенхем ни тоа не е доволно, а денешната голеада им дава оправдување зошто бараат толку многу пари за својот капитен и нема да попуштат.
Германски „Билд“ објави наслов: „Кејн даде четири гола за погрешен клуб“
Кејн не сака на лош начин да се раздели со клубот со кој има договор до следното лето. Денеска тој доби овации, публиката го сака, па и тоа ги намалува шансите на Баерн да го купи Кејн. Сепак, после мечот Кејн сам истрча почесен круг околу теренот и тоа може да се толку на два начини: се заблагодари за поддршката, или се прости од навивачите.