17.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Кејн дава голови со подобар ритам од најдобрите сезони што ги имале Роналдо и Меси

Баерн Минхен сезонава едноставо ги меле противниците, без разлика дали е тоа во домашното првенство или во Лига на шампиони. Синоќа, во меч од Лига на шампиони, германскиот гигант убедливо со 4:0 славеше над Бриж.

Еден од четирите голови го постигна Хари Кејн со што напаѓачот ја продолжи фантастичната серија што ја има сезонава. За Кејн ова беше 20-ти погодок во сите натпреварувања за Баерн и тоа во само 12 одиграни натпревари. Како што открива специјализираната статистичка станица „Опта“, Кејн со ова темпо ги надмина Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Двајцата фудбалери кои ги одбележаа изминативе две децении во светскиот фудбал, немале побрзо темпо на постигнување на 20 голови во една сезона, како што тоа сега го направи Кејн. Според „Опта“, Меси во три сезони успеал да стигне до 20 погодоци во 17 одиграни натпревари, додека Кристијано Роналдо во сезоната 2014/15 постигна 20 голови во првите 13 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести