Кејн даваше голови и рушеше рекорди и го водеше Тотенхем до победа

Фудбалерите на Тотенхем славеа со убедливи 0:4 во градското дерби против Кристал Палас во рамки на 19-то коло во Премиер лигата, и во кое капитенот Хари Кејн испиша историја во елитното англиско натпреварување.

Кејн ги постигна првите два гола за својот тим, во 48-та и во 53-та минута и стана вториот фудбалер во историјата на Премиер лигата по Теди Шерингам што постигнал гол на својот 100, 200 и 300-ти натпревар.

Победата на Тотенхем ја заверија Мет Доерти со голот во 68-та и Хјонг-Мин Сон со голот во 72-та минута и со кој исто така испиша историја.

Имено, Кејн и Сон по 34 пат заедно се запишаа во листата на стрелци на премерлигашки натпревари и го соборија рекордот на дуото од Ливерпул, Садио Мане – Мохамед Салах.

Со триумфот, Тотенхем му избега на Ливерпул на пет бода на табелата, тие сега се петти со 33 бода, додека Ливерпул е шести со 28.

Гостински триумф оствари и Нотингем Форест и тоа со 0:1 против Саутемптон. Голот вреден три бода го постигна Авониџи во 27-та минута со кој Нотингем избега од опасната зона, а во исто време ги закова Светците на дното на табелата.
Останатите два натпревари завршија без победник и со идентичен резултат. Лидс и Вест Хем како и Астон Вила и Вулверхемптон одиграа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести