35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Кејн доби дозвола да си замине, фали само клуб што ќе го урне светскиот рекорд

Хари Кејн доби дозвола да си замине од Тотенхем, но условот на Даниел Леви е да се урне светскиот рекорд што го држи Нејмар.

Сопственикот на Тотенхем истакна дека за 26-годишниот репрезентативец на Англија треба да се платат 227 милиони евра отштета за да може да се реализира трансферот.

Заинтересирани се, пред се, Манчестер јунајтед, потоа и Реал Мадрид, но прашање е дали во услови на голема криза и епидемија на Коронавирусот ќе сакаат да платат рекордна сума на пари.

Засега најскап трансфер има Нејмар, за кого Пари Сен Жермен ѝ плати на Барселона 222 милиони евра во 2017 година.

Кејн моментно е повреден, а е стандарден репрезентативец на Англија и еден од најдобрите светски напаѓачи. Неодамна самиот изјави дека ќе си замине од Тотенхем ако тимот не се засили и не биде конкурентен да им парира на најдобрите англиски и европски клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести