Кејн донесе конечна одлука, се сели во Баерн Минхен

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, конечно донел одлука да се согласи на трансфер во Баерн Минхен, со кого ќе потпише четиригодишен договор, објави новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн.

Според новинарот, Кејн сега чека зелено светло од Тотенхем да отпатува во Минхен на лекарски прегледи, по што и официјално ќе го потпише договор со Баерн Минхен, кој ќе му носи 29 милиони евра по сезона.

Во текот на вчерашниот ден, англиските медиуми објавија дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја прифатил последната четврта понуда на Баерн Минхен од рекордни 100 милиони фунти отштета, но Кејн се двоумел бидејќи бил задоволен од работата на новиот менаџер Ангеу Постекоглу. Сепак, на крајот одлучил да ја прифати понудата и во наредните четири години да го носи дресот на Баерн Минхен.

Претходната рекордна сума која германскиот шампион ја платил за ангажирање на фудбалер изнесува 80 милиони евра, кои му ги плати на Атлетико Мадрид за францускиот репрезентативец Лукас Ернандес.

 

- Оглас -

Најнови вести