Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека напаѓачот на германскиот шампион, Хари Кејн, е 100 отсто мотивиран за дуелот од последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.
Баерн веќе го обезбеди првото место во групата, додека Црвените ѓаволи имаат да обезбедат пласман во осминафиналето само доколку утре победат, а вториот меч од групата меѓу Копенхаген и Галатасарај заврши нерешено.
Тухел за англиските медиуми изјави дека Кејн веќе се привикна на животот во Германија и дека секој слободен момент го користи да игра голф.
„Кејн е 100 отсто мотивиран за натпреварот, тој е победник и шампион. Убаво е да се врати во Англија, и тоа на „Олд Трафорд“. Тој се радува на утрешниот меч, но исто така е врвен професионален и одлично момче кое се привикна на животот во Германија. Кејн течно зборува германски казик, а Минхен е безбеден, убав град. Имаме многу природа и терени за голф на кои Хари го поминува слободното време. И сите зборуваат англиски, што повторно е добро за него“, изјави Тухел.