Кејн е играчиште, ама и малериште: Отиде во Баерн да освојува трофеи, но два веќе му побегнаа

Проклетството на Хари Кејн продолжува, тој и понатаму нема освоено трофеј во својата клупска и репрезентативна кариера иако игра долго и се изнадава голови.

Кејн летоска од Тотенхем премина во Баерн Минхен со цел да освојува трофеи, но наместо конечно да види како е да се крене трофеј, тој го донесе малерот во Баварија.

Баерн одигра само 15 официјални мечеви сезонава, а веќе остана без два трофеи, оние во Суперкупот и Купот на Германија. Во Суперкупот Баварците беа поразени од Лајпциг, а во Купот испаднаа од третолигашот Сарбрикен (Кејн не играше на тој меч синоќа).

За да освојат некаков трофеј сезонава, на Баерн и Кејн им останаа само уште две варијанти, оние најпримамливите, во Лигата на шампионите и во Бундеслигата.

Од друга страна, тимот од којшто си замина Кејн, Тотенхем, игра добро и неочекувано во моментов е лидер на англиската Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести