11.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Кејн е најдобриот изведувач на пенали во топ лигите откако е во Баерн

Англичанецот Хари Кејн со двата гола од пенал кои ги постигна викендов против Хофенхајм се зацврсти како најдобар реализатор на шутеви од белата точка во топ 5 лигите во Европа.

Кејн во кариерата има погодено над 100 пенали, а откако дојде во Баерн во летото 2023, Кејн извел 34 пенали, од кои 32 ги претворил во гол. Во овој период ниту еден играч во првите 5 европски првенства не постигнал толку многу голови од пенал.

Најблизок ривал на Кејн е Килијан Мбапе, кој реализира 29 пенали од 36 обиди додека играше за ПСЖ и сега во Реал Мадрид.

Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, е трет со 23 гола од пенал, а шутнал 25 пати, што е супер процент на реализација.

Во топ 10 пеналџии се и Мохамед Салах (Ливерпул), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Кол Палмер (Челзи), Жоао Педро (Брајтон, Челзи), Анте Будимир (Осасуна), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед) и Винченцо Грифо (Фрајбург).

- Оглас -

Најнови вести