Кејн е оптимист дека сезонава ќе се израдува на првиот трофеј во кариерата: Одиме да ја освоиме Лигата на шампионите

Германија е единствената земја со два преставника во полуфиналето од Лигата на шампионите откако на Борусија дортмунд синоќа ѝ се приклучи и Баерн Минхен меѓу најдобрите четири екипи.

Баерн сезонава игра лошо, во трите натпреварувања во Германија остана без трофеј, а сега единствена шанса за радост е Лигата на шампионите. Хари Кејн, кој важи за малерозен играч бидејќи никогаш во кариерата не се израдувал на пехар, сега верува дека неговиот тим може да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

„Неверојатна победа. Ова е тешка сезона за нас, но продолжуваме да се бориме. Знаевме дека пред нашите навивачи можеме да направиме клучна предност. Голем успех е пласманот во полуфиналето и многу се радуваме. На полувремето се договоривме да го засилиме темпото, да бидеме поагресивни. Овие мечеви секогаш се тешки. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Кејн по победата на Баерн Минхен над Арсенал со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести