Кејн е оптимист пред реваншот: „Ние не се откажуваме, треба да дојдат да играме и во Минхен“

Баерн Минхен одигра катастрофален меч во Рим и загуби со минимални 1-0 од Лацио на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Баварците упатија 17 удари кон противничкиот гол, но ниту еден не одеше во рамките на голот на Лацио.

Оваа сезона убедливо најдобар фудбалер на Баерн Минхен е Хари Кејн, а тој беше еден од ретките кој собра храброст да застане пред камерите во микс-зоната.

„Второто полувреме беше вистинско разочарување за нас. Излеговме на терен без енергија и самодоверба. Но, уште сме во игра, тие ќе мора да дојдат во Минхен, а ние мора да гледаме напред и што е можно побрзо да направиме пресврт во наша корист, ние нема да се откажеме толку лесно“, рече Кејн.

- Оглас -

Најнови вести