Англија е фаворит, но Србија кога игра дома, е посебно мотивирана против големите ривали и сака да одигра најдобро. Токму затоа овој меч ќе биде многу интересен и непредвидлив како ќе заврши.
Во Sport Life има посебна понуда за ова дербија. Капитенот и првата ѕвезда на Англија, Хари Кејн, е главен фаворит за да го даде првиот гол на мечот (4.50 квота). Вкупно 15-мина фудбалери од двата тима се дел од понудата за прв стрелец, стрелец во тек на меч, но и стрелец на два гола. Александар Митровиќ да постигне два гола е со квота од 17.
Може да се комбинира и со игрите стрелец на гол и победа на репрезентацијата.
За мераклиите на статистичките податоци, тука се и игрите за вкупен број жолти картони, вкупно удари во рамките на голот, фаули и корнери. Едноставно, има огромен избор на игри за ова дерби кое се игра на популарната „Маракана“ во Белград.