Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја одби третата и веројатно последна понуда на Баерн Минхен за капитенот на Петлите, Хари Кејн, објави „Атлетик“. Последната понуда на Баерн изнесуваше 100 милиони евра, плус милионски бонуси.
Минатата недела претставниците на двата тима имаа средба во Лондон ,на која беше доставена третата понуда откако претходно Леви одби понуди тешки 70 и 80 милиони евра.
https://twitter.com/David_Ornstein/status/1688536296061341696?s=20
Леви неколку дена молчеше на понудата, а „Атлетик“ објави дека денеска Леви и официјално ја одбил понудата на Баерн притоа порачувајќи им на челниците на германскиот шампион да достават нова подобра понуда ако сакаат Кејн во следната сесзона да игра за нивниот тим.
Хари Кејн има договор со Тотенхем до идното лето, а наводно веќе ги договорил сите детали со Баерн Минхен, но Леви уште еднаш покажа дека е најтежок преговарач во светот на фудбалот, притоа ризикувајќи да го загуби капитенот бесплатно идното лето.