Две големи дерби средби се во фокусот на европскиот фудбал денеска. Во Бундеслигата се игра германското Дер Класико, а Баерн во Минхен е домаќин на Борусија Дортмунд, додека во Серија А во Италија, Рома го пречекува Интер.
За овие два меча во Sport Life има специјална понуда со посебни игри наменети само за дерби пресметките.
Хари Кејн е во фантастична форма и на шест од последните седум меча на кои играше постигнуваше минимум два гола, а еднаш имаше хет-трик. Сега Агнличанецот ако биде расположен за погодоци и постигне хет-трик против Борусија Дортмунд е со квота од точно 10.
Дури 15 играчи се во понудата за прв стрелец на гол и стрелец во тек на меч. Тука се и комбинациите за стрелец на гол и победа на неговиот тим. За мераклиите на статистичките податоци, има игри за вкупниот број на жолти картони, корнери, фаули, шутеви кон гол, шутеви во рамките на голот… Одлични се квотите и за тоа ако има пенал или црвен картон.
Во дерби пресметката во Серија А, Интер како гостин е фаворит за победа, но Рома кога игра дома, секогаш има адут плус да изненади. Лаутаро Мартинез, Франческо Еспозито, Артем Довбик и Еван Фергусон се меѓу главните опции за стрелец на првиот гол и воопшто да се запишат во листата на стрелци на ова дерби.
На три од последните четири меча на овие екипи, имало само еден гол и тој бил решавачки за победникот.