Кејн е втор стрелец во историјата на Англија, а легенда вели дека потенцијалот не му се користи

Хари Кејн синоќа постигна гол од пенал и ја спаси Англија од пораз против Германија, а тоа му беше јубилеен 50-ти гол на ѕвездата на Тотенхем во дресот на националниот тим. Повеќе голови за Англија од Кејн има само Вејн Руни, и тоа 53.

Инаку овие 50 гола на Кејн се повеќе од бројката на голови која ја имаат сите негови синоќешни соиграчи заедно.

Некогашниот напаѓач на англиската селекција, а сега аналитичар, Гери Линекер, кој често коментира на социјалните мрежи, порача дека на Кејн не му се користи доволно потенцијалот.

„Овие 50 гола на Кејн се фантастично достигнување. Тимот игра многу подобро кога тој е во составот, но премногу претпазливата тактика не му дозволува да го покаже целиот талент и потецијал“, смета Линекер.

- Оглас -

Најнови вести