Репрезентацијата на Англија, според многумина, но и според квотите, е прв фаворит за освојување на Еврпското првенство во Германија. Сепак, Англичаните имаа катастрофална генералка пред шампионатот, па на домашен терен загубија од Исланд со 0-1.
„Порази како овој против Исланд мора да бидат аларам за нас да се разбудиме. Мора да сфатиме дека на ЕП нема да биде толку лесно како што многумина мислат. Имаме многу работа и треба да се разбудиме. Има многу работи кои мора да ги поправиме, посебно пресингот. Натпреварите во групата ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме квалитетно да се браниме, а во нападот да бидеме трпеливи“, вели Кејн пред ЕП.
Англија на Европското првенство во Германија е во групата „Ц“ заедно со селекциите на Словенија, Србија и Данска. Гордиот Албион првиот натпревар го игра на 16 јуни, и тоа против Србија.