Баерн Минхен со 3:2 го победи Тотенхем во пријателски меч во Лондон и го освои Visit Malta Cup. Во последните 10 минути на теренот се појави и Хари Кејн кој во тој период ја носеше и капитенската лента.
Кејн е некогашен играч на Тотенхем каде се промовираше како врвен голгетер, а од минатата сезона го носи дресот на Баерн Минхен, а сега прв пат освои и некаков трофеј со баварскиот гигант.
Поради фактот дека мечот го заврши како капитен, тој требаше да го крене трофејот. Сепак, кејн одби да биде играчот кој прв ќе го крене трофејот освоен против неговиот екс клуб Тотенхем и тоа на стадионот на кој донеодамна беше најголем миленик.