Англискиот репрезентативец и напаѓач на Баерн Минхен во пресрет на утрешниот меч против Манчестер јунајтед не откри дали летово преговарал со Црвените ѓаволи, клубот кој го посакуваше Кејн во своите редови, но од Тотенхем не беа расположени да го продадат на ривалот.
„Имав преговори со некои клубови, но Баерн беше клубот кој најмногу ме посакуваше и најмногу се интересираше. Кога испратија понуда, немав друга опција освен да прифатам. Среќен сум што сум во овој голем клуб. Секако, и Манчестер јунајтед е голем клуб, но јас сум во Баерн, фокусиран сум на игрите тука“, изјави Кејн, кој има дадено четири гола сезонава, но смета дека има место за напредок.
„Фокусиран сум на сите три натпреварувања иако Лигата на шампионите е најголемото натпреварување. Финалето во ЛШ на Вембли би било специјално за мене, тоа е мојот национален стадион. Но, уште е рано, не размислувам за тоа“, вели Кејн.