Кејн ги потопи Лисиците и им го згасна сонот за Лигата на шампионите (видео)

Тотенхем на крилјата на Хари Кејн со сигурни 3-0 го надигра Лестер и им го урна сонот на Лисиците за пласман во Лигата на шампионите.

На едно коло го крајот на првенството во Премиер лигата, Лестер може да го дочека од петтото место доколку Манчестер јунајтед триумфира против Вест хем на 22 јули, а потоа двете екипи во директен дуел ќе се борат за топ 4.

https://twitter.com/1xSoccer/status/1284876038951129088

Џастин си постигна автогол уште во шестата минута, а потоа следуваше шоу на Кејн кој за три минути на двапати ја затресе мрежата на Шмајхел, поставувајќи ги конечните 3-0 уште во 40-тата минута.

https://twitter.com/MarkInsider/status/1284885443536924672

Тотенхем сега има 58 бода и стои на шестото место, додека Лестер е четврти со 62 бода, исто колку што има Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести