Кејн го прави Тотенхем кандидат за титула во Премиерлигата (Видео)

Тешка победа на Тотенхем на гостувањето кај Вест Бромвич Албион од 1-0 со гол на Хари Кејн во 88-ма минута, но три бода се се три бода, и сега лондонскиот тим предводен од Жозе Мурињо, привремено се искачи на првото место на премиерлигашката табела.

Асистент за голот на Кејн не беше Кореецот Сон, но тоа не е важно, важно е дека Кејн дојде до својот 150-ти гол на 218 настапи во премиерлигата. Кејн сезонава има 13 гола и 10 асистенции на 14 меча во сите натпреварувања, што е фантастична статистика.

https://twitter.com/i/status/1325434628640034816

- Оглас -

Најнови вести