14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Кејн го предупреди Баерн: Ако играм против Брентфорд, тогаш останувам во Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, ќе остане во Лондон ако биде дел од тимот во првото коло од Премиер лигата против Брентфорд, објави новинарот Фабрицио Романо.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, вчера и официјално ја одбил третата понуда на Баерн Минхен тешка 100 милиони евра, плус милионски бонуси, очекувајќи германскиот тим да ги плати бараните 120 милиони иако Кејн има само уште една година од договорот со Петлите.

„Кејн ги известил челниците на Баерн Минхен и на Тотенхем дека до крајот на неделата сака да знае дали ќе остане во Лондон или ќе се пресели во Германија. Тој им порачал дека ако го одигра мечот од првото коло во Премиер лигата против Брентфотд, тогаш ќе остане во Тотенхем“, напиша Романо на својот профил на „Твитер“.
Новата сезона во Премиер лигата стартува претстојниот викенд, а Тотенхем мечот против Брентфорд го игра в недела.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1688919440870797314?s=20

- Оглас -

Најнови вести