Кејн го прецрта и Кардиф

Тотенхем убедливо славеше на гостувањето кај Кардиф со 3-0. „Петлите“ им се вратија на победите по шокантниот пораз од Вулверхемптон (1-3), а по вкупно 16-от триумф сезонава се вратија на второто место на табелата, со 48 бода. Мечот посебно ќе го памети Хари Кејн за неговото постигнување.

Англичанецот сега има затресено мрежа на сите противници со кои се соочил во Премиер лигата, а Кардиф е вкупно 28-от тим. Погодокот за предност на гостите го постигна во третата минута. Кејн воедно се изедначи со Обамејанг на листата на стрелци, денешниот гол му беше 14-ти оваа сезона во лигата.

Ериксен зголеми на 2-0 во 12-тата минута, а сите дилеми беа решени на половина од првото полувреме. Vо 26-тата минута Сон го постави конечниот резултат.

https://www.youtube.com/watch?v=-jSh9lzw4a4

- Оглас -

Најнови вести