Фудбалерите на Тотенхем и Баерн Минхен на 10 август ќе одиграат пријателски натпревар во Лондон, денеска соопшти англискиот клуб.
Тоа ќе биде можност фудбалерите на Баерн, Хари Кејн и Ерик Даер, повторно да играат на стадионот на својот поранешен клуб.
Кејн минатото лето го напушти Тотенхем и премина во Баерн откако постигна 280 гола за Петлите. Даер во јануари пристигна од Тотенхем во Баерн на позајмица до крајот на сезоната, а веќе е познато дека во Минхен ќе добие договор до летото 2025 година.