Напаѓачот на германскиот Баерн Минхен, Хари Кејн, кој синоќа доби признание за најдобар стрелец во Европа заедно со Килијан Мбапе, призна дека за време на неговиот престој во Германија не го научил добро германскиот јазик.
„Мојот германски не се подобри. Учам, но нема напредок. Учам со професор двапати неделно, но премногу ми е тешко. Се надевам дека ќе бидам тука уште неколку години и во некоја фаза ќе научам да зборувам барем малку германски“, призна Кејн.
Слабото познавање на јазикот не го спречува Кејн да има успешни сезони во Бундеслигата, барем што се однесува до личните бројки, а трофеј со Баварците уште нема освоено.