Германскиот шампион Баерн Минхен се наоѓа пред ангажман на дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер, објавија англиските медиуми.
Според нив, Баерн и Даер ги договориле сите детали околу платата и до крајот на зимскиот преоден рок дефанзивецот треба и официјално да се пресели во Бундеслигата и повторно да игра заедно со Хари Кејн.
Тотенхем нема да му прави проблеми на Даер бидејќи не се наоѓа во плановите на менаџерот Анге Постекоглу и досега одигра само 198 минути за Петлите сезонава.