Капитенот на англиската репрезентација и на Тотенхем наскоро треба да потпише нов договор со премиерлигашот, објави „Атлетик“.
Кејн има договор со Тотенхем до јуни идната година, но „Атлетик“ пишува дека наскоро ќе го продолжи договор со премиерлигашот бидејќи не сака да го напушти Лондон.
Кејн го носи дресот на Тотенхем од 2009 година и за Петлите досега одигра 414 натпревари, на кои постигна 265 гола.
Оваа вест сигурно ќе ги разочара Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, кои се подготвуваа во летниот преоден рок да тргнат по потписот со Кејн и за таа цел беа подготвени да издвојат најмалку 100 милиони евра.