Баерн Минхен официјално објави дека напаѓачот Хари Кејн има мала мускулна повреда на десната нога.
Клубот не лицитира со датумот на можно враќање на Кејн во составот, но германските медиуми врз основа на претходни искуства од вакви повреди, најавуваат дека англискиот голгетер би се вратил најрано за средбата со Лајпциг на 20-ти декември.
Кејн кој се повреди вчера против Борусија Дортмунд и излезе од игра уште во 33-та минута, сигурно нема да игра во вторник во дербито од осминафиналето на Купот на Германија против Баер Леверкузен, а многу веројатно ќе го нема ни на мечевите со Хајденхајм, Шахтар и Мајнц.