Кејн мора да биде опериран, не се враќа на терен пред април

Напаѓачот и капитен на Тотенхем, Хари Кејн, ќе биде во аут од фудбалските терени најмалку до април, објавија официјално од лондонскиот клуб. На англискиот репрезентативец му претстои операција поради кинење на тетива во задниот дел на бутниот мускул на левата нога.

Кејн се повреди за време на првиот меч на тимот во 2020 година, против Саутхемптон, а според првите прегледи, повредата не изгледаше толку тешка. Но дополнителните тестови и снимки покажаа нешто друго.

Ако се врати на терен во април, тоа е на два месеци пред стартот на ЕП и не би имал проблем да настапи за Гордиот Албион, но на Тотенхем ќе му биде тешко да надомести ваква загуба.

 

- Оглас -

Најнови вести