Кејн може да биде казнет и да не игра против Арсенал

Тотенхем синоќа го загуби градското дерби од Челзи со 0-2, но што е уште поважно, може да добие и дополнителен проблем. Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, имаше расправија со дефанзивецот на Челзи, Сесар Аспиликуета.

Кејн беше иницијатор на расправијата и тргна кон противничкиот играч, а имаше и мал физички контакт на двајцата со главите. Главниот судија Андре Маринер не го забележа тој момент и немаше казна за никого, но повторената снимка покажува дека Кејн направил нешто што не требало да го стори.

Тричлена комисија на ФА сега може да го разгледува овој инцидент, а доколку се одлучи дека Кејн бил иницијатор на инцидентот, ќе добие суспензија од три меча. Тоа значи дека Тотенхем ќе го загуби првиот напаѓач не само за следниот меч против Арсенал, туку и за наредните два дуели. Најдоцна до вечер треба да се знае дали Кејн ќе добие казна за инцидентот со Аспиликуета.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести