Кејн може да го напушти Баерн за „ситни“ пари: Ривалите немале информација, но ќе имаат втора шанса

Еден од најдобрите напажачи на денешницата, Хари Кејн, зимава можел да си замине од Баерн Минхен со голем „попуст“ според клаузулата од неговиот договор. Англичанецот би бил слободен доколку некој клуб сака да плати 80 милиони евра, но и доколку некој бил заинтересиран, немал информација за оваа клаузула од неговиот договор.

Ова ексклузивно го објавува германски „Билд“, од каде велат дека сепак, Кејн не би бил заинтересиран да ја напушти Баварија, па затоа и воопшто не се зборувало за тоа. Сепак, според неговиот договор, веќе следната зима може да си замине за уште пониска цена од 65 милиони евра.

Баерн Минхен во 2023 година го купи Кејн од Тотенхем за 95 милиони евра, а тој во дресот на „баварците“ на 72 натпревари постигна 70 гола и забележа 22 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести