Кејн направи нешто што не успеало никому во последните 100 години

Англија од единствениот шут во рамките на голот, успеа да ја затресе мрежата на Чесите, по првото полувреме резултатот е 1-1, а тој погодок на Хари Кејн е историски.

Кејн е првиот Англичанец во последните 108 години кој постигнал 20 гола во дресот на Гордиот Албион, носејќи ја капитенската лента. Пред него, тоа му успеало само уште на Вивијан Вудворд, кој дал 23 гола од 1908 до 1911 година.

Кејн има дадено 9 гола од пенал, со што се изедначи со Френк Лампард. Од последните 12 гола на Кејн за репрезентацијата, седум се од белата точка.

Пред натпреварот, низ улиците на Прага имаше нереди, полицијата мораше да употреби и солзавец за да ги растера проблематичните и пијани гостински фанови.

- Оглас -

Најнови вести