20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Кејн не му се дава лесно на Гираси во трката за прв стрелец на Бундеслигата

Баерн Минхен победи со 3-1 на гостувањето кај Мајнц, па баварците кои се најефикасен тим во Бундеслигата, се изедначија со Борусија Дортмунд на третото место на табелата со по 20 бода од осум кола.

Хари Кејн дојде до својот деветти гол сезонава, само четворица фудбалери дебитанти во историјата на германската лига дошле до ваква бројка на помалку средби.

Инаку, иако добро гази, Кејн ни од блиску не е прв стрелец во Бундеслигата. Неверојатниот Серу Гираси од Штутгарт во првите осум кола сезонава даде дури 14 голови, па ако продолжи вака, на Кејн ќе му биде тешко да биде најефикасен играч во германското првенство.

- Оглас -

Најнови вести