Кејн не отпатува со екипата на Тотенхем на гостувањето во Барселона!

Екипата на Тотенхем се упати кон Барселона, каде што вечерва ќе одигра пријателски меч во чест на основачот на каталонскиот клуб, Жоан Гампер, а во авионот не се качи Хари Кејн.

Не е познато зошто најдобриот играч на лондонските Петли нема да игра вечерва,и веднаш се подгреаја сомнежите дека ова е обид да го убеди раководството на клубот да ја прифатат понудата на Баерн. Кејн сака да оди во Баерн, но Тотенхем не го пушта, ги одби сите досегашни понуди.

Од друга страна, Кејн сака целата сага да заврши до недела, кога Тотенхем го игра својот прв меч во Премиер лигата. Ако Кејн не си замине пред недела, тогаш останува во Тотенхем до крајот на договорот, а тоа е до јуни 2024 година.

Една од верзиите за отсуството на Кејн на дуелот со Барса е дека клубот сака да ја одмори својата ѕвезда и тој да биде свеж за првиот меч од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести